Утрински Весник
Македонија

Ставен под контрола пожарот над тетовско Селце

Sar Planina Pozar 696x522 1.jpg

Шумскиот пожар над тетовско Селце по шест дена е ставен под контрола, информираат од Национален парк Шар Планина. Пресвртот се случил денеска, при што иако пожарот почнал да се проширува кон Ѓермо, ренџерите од паркот и вработени во Дирекција за заштита и спасување успеале да го стават под контрола.

– Пожарот над Селце беше проширен и над Ѓермо. До 12 часот е комплетно ставен под контрола и повлечени се екипите на Националниот Парк и Дирекција за заштита и спасување. Денес гаснеа пет луѓе од паркот и четворица од ДЗС – информираат од Национален парк Шар Планина.

Пожарот почна на 11 април. Вчера и на 14 април дејствуваше и хеликоптерска единица на МВР која фрлаше вода од височина. Во текот на овие денови пожарот го гаснеа и пожарникарите од Тетово со вода во цистерни од теренски возила. Првичните процени на вработените во НП Шар Планина се дека изгорела над 100 хектари букова шума, ливади и пасишта.

На подрачјето на национланиот парк вчера било интервениран и на два други пожари.

Потполно е изгасен пожар над селото Горјане, каде изгореле четири хектари, а над Ломница два хектари приватен имот со ниска вегетација од трева, даб, леска и габер.

Можете да прочитате

Вечерва започнува „Ноќно студио“ на 4TV

Мојсоска бара вонреден надзор за сите што поседуваат дозволи за експлоатација во Струга

Кривично ќе се гони полицаецот што возел без возачка дозвола