Утрински Весник
Економија

Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“

20250401210355 Big 730x400 23.webp.webp

На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот на новата авиолинија од аеродромот „Орли“ кој се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз. 

Од ТАВ Македонија велат дека со оваа нова авиолинија, патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на еден од најфреквентните аеродроми во Франција кој нуди бројни домашни и европски летови.


„Изи џет“ влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година.

Покрај „Изиџет“, авиолинија од Скопје до францускиот главен град опслужува и авиокомпанијата „Визер“ до аеродромот „Бове“ оддалечен 90-тина километри од Париз.

Со летниот распоред на летање што стапи во сила викендов, од Скопскиот аеродром оперираат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три  сообраќаат со 10 чартер летови. 

Можете да прочитате

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Стопанска комора бара повлекување на законот за игри на среќа

Филипче: Владата должи 200 милиони евра за поврат на ДДВ – фирмите се пред колапс