Утрински Весник
Македонија

Непрооден локалниот пат Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

Stop Pat.webp.webp

Непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче и првиот мост во село Батинци, соопшти денеска АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Митрополит Агатангел: Велигден е можност и за наше лично воскресение

Полициска акација во Арачиново: Бројни екипи на терен