Утрински Весник
Македонија

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош

Lukrovski.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На последните локални избори за градоначалник на Карпош беше избран Сотир Лукровски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,

Лукровски пред да стане градночалник на Карпош беше дел од македонскиот гигант Алкалоид како член на Алкалоид Конс.

Од неодамна, Лукровски како избран функционер го пријави својот анкетен лист во Државната комисија за спречување корупција.

Од него може да се види дека Лукровски пријавил дека поседува стан во општина Карпош од 84 м2 кој го добил како подарок во 2012 година.

Понатаму, од недвижен имот Лукровски има и два стана еден од 98 а друг од 125 квадрати во Глуво – Бразда општина Чучер Сандево.

„Таткото“ на Карпош пријавил и два автомобили, Певролет Калос и Шкода Фабија, но и оружје иако не прецизирал какво во вредност од 52.000 денари.

Лукровски поседува и 65 акции во Алкалоид кои со денешната вредност на акцијата вредат над 1,5 милиони денари или над 25.000 евра.

Можете да прочитате

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси