Утрински Весник
Свет

Стано: Постигнатиот договор не е крај на процесот, туку почеток на работата

Стано: Постигнатиот договор не е крај на процесот, туку почеток на работата

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска изјави дека договорот постигнат во средата вечерта не е крај на процесот, туку почеток на работата и најави дека високиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел, наскоро ќе ги покани лидерите на Белград и Приштина на нова средба во Брисел.

dobivaj vesti na viber

На прашањето на „Танјуг“ што може следно да се очекува, бидејќи српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србите ќе се вратат во институциите кога ќе се исполни вториот услов – формирање на ЗСО и дали ЕУ работи на исполнување на тој услов, Стано посочи истакна дека „враќањето на косовските Срби во институциите беше едно од основните очекувања на ЕУ и дека истото важи и за формирањето на Заедницата на српските општини“.

Тој посочи дека „важно е да се исполнат постоечките договори, што е порака што ЕУ постојано ја испраќа и која важи за двете страни“.

Што се однесува до следните чекори во дијалогот, Стано вели дека високиот претставник за надворешна политика наскоро ќе ги покани лидерите на нова средба во Брисел.

„Високиот претставник веќе кажа дека ќе ги покани лидерите во Брисел да продолжат со работата за нормализација на односите со посредство на ЕУ. Се разбира, ова не е крај на процесот, работата се продолжува, договорот постигнат синоќа не е крај на процесот, туку почеток на работата. Надежта е дека тоа ќе нè изведе од перманентната криза и ќе ни овозможи да дојдеме до нова фаза во која ќе работиме на проблемите на одржлив начин и ќе избегнеме нови кризи“ – објасни Стано на прес-конференцијата.

Тој рече и дека работата ќе продолжи на повеќе нивоа и дека специјалниот претставник Мирослав Лајчак работи многу напорно за да се најде начин да се оди напред.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година