Утрински Весник
Свет

Стано: Денешната средба не е последна, Белград и Приштина одат чекор по чекор

Стано: Денешната средба не е последна, Белград и Приштина одат чекор по чекор

Портпаролот на Европската комисија за надворешна политика, Петер Стано, на прес-конференцијата изјави дека средбата во рамките на дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина почнува попладне и дека ова не е единствената и последна средба.

dobivaj vesti na viber

„Ова не е единствената и последна средба. Ова е средба на високо ниво, која доаѓа по неколку слични средби. Лидерите на Србија и Косово се обидуваат чекор по чекор да ги решат сите отворени прашања, кои водат до сеопфатен договор за нормализација на односите. Очекуваме двете страни, нивните лидери, главните преговарачи и нивните претставници, да покажат европско однесување и да најдат политичка сила, храброст, подготвеност за европски компромис за доброто на нивните граѓани и за нивната перспектива ЕУ, со цел исполнување на нивната стратешка амбиција и приоритет“, рече тој.

Можете да прочитате

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина

Северна Кореја и Кина најавија продлабочување на соработката поради глобалните тензии

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи