Утрински Весник
Спорт

Станковиќ ќе биде новиот тренер на Сампдорија

Станковиќ ќе биде новиот тренер на Сампдорија

Дејан Станковиќ ќе биде новиот тренер на Сампдорија. Станковиќ, на почетокот на септември ја напушти Црвена звезда, откако и во третиот обид не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Сампдорија остана без тренер по поразот од Монца (3:0). Клупските челници му врачија отказ на Марко Џампаоло. Клубот од „Луиџи Ферарис“, во првите осум кола, во Серија А, освои само два бода.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Станковиќ ќе има само една задача, да обезбеди опстанок во Серија А.
Според овие извори, клубот на поранешниот фудбалер на Лацио и Интер ќе му понуди договор до крајот на сезоната, кој автоматски ќе биде продолжен доколку избори опстанок.

Можете да прочитате

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија