Утрински Весник
Спорт

Станковиќ доби овации, но Интер не и прости на Сампдорија

Станковиќ доби овации, но Интер не и прости на Сампдорија

Интер ја оствари четвртата последовна победа во Серија А, вкупно осмата од почетокот на сезоната, совладувајќи ја Сампдорија на „Џузепе Меаца“ со 3:0. Тренерот на гостите, Дејан Станковиќ, доби овации при враќањето во Милано, со оглед дека беше дел од генерацијата на Интер која освои тројна круна заедно со Горан Пандев, но Интер сепак не му прости на неговиот тим.

dobivaj vesti na viber

„Нероаѕурите“ славеа убедливо. Стефан де Фрај во 21.минута го отвори резултатот со одличен удар со глава, а пред крајот на првиот дел Николо Барела со фантастичен шут зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Хоакин Кореа во 73.минута од дуелот.



Можете да прочитате

Аргентина ја елиминира Англија и закажа финале со Шпанија

Вечерва Англија и Аргентина за влез во финалето

Шпанија во финалето на Светското првенство