Утрински Весник
Македонија

Стаменковска-Трајковска до премиерот: Можеби сте алергичен на мене, но јас сум пратеник и сакам да ме слушате, а не на слушалки музика да си пуштате

Стаменковска-Трајковска до премиерот: Можеби сте алергичен на мене, но јас сум пратеник и сакам да ме слушате, а не на слушалки музика да си пуштате

Бети Стаменкоска-Трајковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, побара од премиерот да ги симне слушалките додека таа дискутира.

dobivaj vesti na viber

„Дали е дозволено да слуша музика на слушалки? Тој може да е алергичен на мене, но јас сум пратеник и сакам да ме слуша“, рече Стаменкоска-Трајковска.

„Може вака сака појасно да ве слуша. Бети, те уверувам дека премиерот те слуша“, ѝ одговори потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

Пратеничката говореше за нерешавањето на проблемите со дојавите за поставување бомби и, како што рече, непотизмот во Владата набројувајќи пратеници што вработиле свои блиски.

Можете да прочитате

Недостигот на стручен кадар во рударството ја засилува потребата од соработка меѓу образованието и индустријата

Викендов повторно ќе имаме локална нестабилност, но и услови за невреме

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста