Утрински Весник
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

Dozd.jpg

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со слаб до умерен променлив ветер, T=16°C. P=980hPa. U=58%. V=2m/s.


Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно време. Од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

Можете да прочитате

Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ

Верата и државата – две потреби на човековото постоење

 Уапсени две лица за дрога