Утрински Весник
Македонија

СТАБИЛНО, СУВО И СОНЧЕВО ВРЕМЕ: Во Македонија продолжува периодот на натпросечно високи температури!

Image 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во Македонија под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) до крајот на оваа, како и во почетокот на следната недела ќе се задржи стабилно, суво, сончево и претежно тивко време, повремено со мала до умерена локална облачност.

Во утринските часови и понатаму ќе биде релативно студено и со појава на магла  и на ниска облачност по одделни котлини и речни долини.

Во Скопје и околината, исто така продолжува периодот на стабилно, суво, сончево и претежно тивко време со појава на утринска магла или ниска облачност.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 23 степени,

Уживајте во преубавото сончево и стабилно време, со пријатни температури преку ден, кои ќе бидат натпросечно високи.

Можете да прочитате

Метеж на Табановце, се чека по 40 минути

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете