Утрински Весник
Економија

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

Novi sad 3.jpg

Во рамките на осмиот регионален бизнис форум во организација на Стопанската комора на Војводина кој се одржува во Нови Сад, се потпиша договор за соработка помеѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Војводина.  

Претседателите Горан Ѓорѓиевски и Горан Гак ставија потис за соработка за размена на информации значајни за развој на бизнисот,унапредување на човечките ресурси и заедничко делување, заедничко преставување и застапување пред други организации и бизнис заедници, заедничка организација на настани и преставување на трети пазари, пренос на знаење и споделување на добри практики.

,,Овој тип на иницијативи и спогодби е јасна порака на бизнис секторот во регионот дека мора да соработува за да остане конкурентен во овие нестабилни економски времиња. Фокусот на дигитализацијата, човечките ресурси и продуктивноста во следните години како регион не приближува кон саканата цел,односно Европската Унија” – истакна Ѓорѓиевски

Во текот на денешниот ден тимот на Сојузот на стопански комори продолжува фокусирано со билатерални средби кои ќе овозможат подобро вмрежување на македонските компании со нови можности за соработка со регионалните партнери.

Можете да прочитате

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Констатирани измамнички трговски практики, рекламирале „0% камата“, а наплаќале дополнителни трошоци

Трипуновски: Од почетотокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците