Утрински Весник
Спорт

Српските кошаркари ја освоија олимписката бронза

20240810125303 Big 730x400 6.webp.webp

Србија го освои бронзениот медал на олимпискиот турнир во кошарка совладувајќи ја попладнево Германија во натпреварот за третото место со 93-83.

Србија од самиот почеток на натпреварот беше во водство кое достигна највисоки плус 16 поени (67-51) во третата четвртина.

Актуелниот светски првак се обиде да ја врати резултатската неизвесност и ја намали негативата на осум поени (82-74), но Србија возврати со серија од 5-0 и мирно го приведе до крај натпреварот за олимписката бронза.

Никола Јокиќ и Василије Мициќ со по 19 поени беа најефикасни во српските редови.

Олимпискиот првак ќе биде познат вечерва по одигрување на финалето меѓу САД и домаќинот Франција. 

Можете да прочитате

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид