Утрински Весник
Балкан

Српски медиуми: Братот на осомничениот за убиството на Данка починал со насилна смрт

5441c817 C1e1 42c0 883d 897f90493365.jpg
Ss2

Далибор Драгијевиќ (40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Данка, починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е по вештачење на Институтот за судска медицина во Белград, објави српскиот портал Радар.

Според тој портал, судско-медицинскиот извештај констатирал бројни повреди на неговото тело, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодот е проследен до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување.

Img 5587

За потсетување, осомничениот Борчанец на 6 април бил задржан 48 часа во полициската станица во Бор, поради сомнение дека му помагал на својот брат, кој е осомничен за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер полицијата соопшти дека тој починал од „природна смрт“. Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои обид за реанимација, во 03:10 часот починал Д.Д.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажало дека тој не починал од природна смрт, туку од последици од тепање, чии траги биле јасно видливи и детално опишани во вештачењето, објави српскиот портал.

Ss1

Можете да прочитате

Изгласана е новата Влада на Србија: Премиер e Милош Вучевиќ

Анкета на ИРИ: Западен Балкан го губи трпението поради чекање за влез во ЕУ

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра