Утрински Весник
Балкан

Српската полиција трага по сопругата на убиениот терорист од Белград

20240629150345 Big 730x400 8.webp.webp

Беса (26) родена во Беране, сопруга на терористот Милош Жујовиќ, пред три дена ја напуштила Србија. Таа за Црна Гора заминала на 27 јуни.

Засега со сигурност не се знае дали знаела за терористичкиот план на нејзиниот сопруг, односно дали била соучесник во терористичкиот напад на нејзиниот сопруг врз израелската амбасада во Белград.

Според „Блиц“, полицијата на Србија побарала од црногорската полиција да ја приведе и сослуша сопругата на Жујовиќ.

Милош Жујовиќ, кој го добил името Салахудин по прифаќањето на исламот, живеел со сопругата во Нови Пазар. Тие имаат еден син Н.Ж. кој на 4 јули ќе наполни една година. Според информациите кои се уште се проверуваат, а со кои располага српската полиција, Беса Жујовиќ е бремена.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград