Утрински Весник
Балкан

Српска Листа: Експлозијата во каналот Ибар-Лепенец е против интересите на српскиот народ во Косово

20241130081719 Big 730x400 83.webp.webp

Најголемата партија на косовските Срби, Српка листа (СЛ) соопшти дека синоќешната експлозија во каналот Ибар-Лепенец во близина на Зубин Поток во северно Косово е против интересите на српскиот народ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку реакција на нејзината страница на Фејсбук, партијата побара итна истрага од Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како и од Мисијата на Европската унија за владеење на правото во земјата, ЕУЛЕКС.

– Српска листа најостро ја осудува експлозијата во каналот Ибар-Лепенец во селото Варага во општина Зубин Поток. Овој напад го загрози водоснабдувањето на нашите граѓани и предизвика загриженост кај Србите на северот на Косово. Сакаме јасно да нагласиме дека овој чин е апсолутно против интересите на српскиот народ и бараме од КФОР и ЕУЛЕКС итна истрага за овој случај, се наведува во реакцијата на СЛ.

Вчера во доцните часови се случи силна експлозија, која го оштети каналот Ибар-Лепенец во Зубин-Поток. Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека го прекинало водоснабдувањето.

Во последните два дена имаше уште неколку инциденти на север. Во Звечан, една од општините со мнозинско српско население во северно Косово, беа фрлени рачни бомб, во вторникот врз полициската станица, а во четвртокот вечерта и во дворот на општината.

По ова, полицијата на Косово вчера соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки низ државата.

Можете да прочитате

Слаб земјотрес ја погоди Хрватска

ЕК бара Црна Гора да им го одземе државјанството на лицата под санкции

Студентите во Србија не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети