Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Средношколци во еко акција садеа дрва за зголемување на шумскиот фонд во Скопје

Image 205077.jpeg
300x250 opst2

Град Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило” и градските средни училишта организира голема еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно. Во рамките на оваа голема  еко акција,  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со стотина ученици од скопските средни училишта „Јосип Броз Тито” и „Раде Јовчевски Корчагин” на Водно засадија 100 садници црн бор. Со еко акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје заедно со скопските средношколци ја подигаме свесноста за потребата од чување и заштита на животната средина. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето, а истовремено ја потенцираме важноста од одговорниот однос кон животната средина без нејзино загадување и уништување.  Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје, како еден од проритетите од програмата за Модерно Скопје. Во текот на изминатата недела градоначалничката Арсовска со учениците од скопските средни училишта  „Боро Петрушевски”,„8 ми Септември”,„Михајло Пупин” и “Панче Арсовски” засадија 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.

Можете да прочитате

Костовски: По 30 години, проектот река Серава е завршен

ЈП „ЛАЈКА“ СЛАВИ 5 ГОДИНИ – СЛУШНЕТЕ ГИ ПЕТТЕ РОДЕНДЕНСКИ ЖЕЛБИ НА КУЧЕТО!

Герасимовски: Вложуваме во младите практиканти, создаваме професионални кадри за развој на Центар