Утрински Весник
Македонија

Средби на Тошковски со амбасадорот на Република Албанија и амбасадорот на Швајцарската конфедерација

2 5.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска (02.10.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работи средба со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Денион Мејдани.
На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста. Посебен акцент на средбата беше ставено на целосното профункционирање на заедничката контрола на граничниот премин Ќафасан.

На средбата со амбасадорот на Швајцарската конфедерација  Н.Е. Вероник Хулман се зборуваше за добрата соработка, со надеж дека истата ќе се продлабочи и продолжи во иднина, особено соработката со ДКАФ која е од посебна важност. Министерот Тошковски ја истакна поддршката од меѓународните пријатели како секогаш e добредојдена и особено важна во справувањето со секојдневните предизвици.  

Можете да прочитате

Можна е средба Мицкоски-Ахмети по Нова Година

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Додека УЈП собира арач – нема пари за плати има само за тендери