Утрински Весник
Македонија

Средби на Муцунски со министерката за европски и меѓународни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, и со министерката за Европа, Клаудија Бауер

615346080 1469624331835309 7006049406675237531 n.jpg

Како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која престојува во работна посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе оствари поединечни средби со министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, како и со министерката за Европа, Клаудија Бауер.

На средбите се очекува да се направи осврт на евроинтеграцискиот пат на државата, постигнатиот напредок, како и да се разгледаат можностите за натамошно продлабочување на билатералните односи и македонско-австриската соработка.


Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува и на бизнис форум со претставници на стопанските здруженија на двете држави, на кој ќе се реафирмира одличната економска соработка и ќе се презентираат можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу македонските и австриските компании.

Можете да прочитате

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

Скопски таксист „одрал“ странски турист – 7.800 денари од Центар до Средно Водно

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и муниција