Утрински Весник
Македонија

Средба Спасовски – Де Бол во Хаг: Ефикасната оперативна соработка со ЕВРОПОЛ продолжува

Средба Спасовски – Де Бол во Хаг: Ефикасната оперативна соработка со ЕВРОПОЛ продолжува

Делегација од МВР предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна посета на седиштето на Агенцијата на Европската Унија за соработка при спроведување на законот (ЕВРОПОЛ) во Хаг при што беше остварена средба со извршниот директор Катрин Де Бол.

dobivaj vesti na viber

Целта на посетата е зајакнување на оперативната соработка со ЕВРОПОЛ, во која нашата држава зема активно учество со својот придонес во тековните активности на агенцијата.

„Посебно сакам да го истакнам активниот придонес на нашето министерство во изготвувањето на Извештајот за процена за закани од сериозен и организиран криминал во ЕУ – СОКТА, врз чија основа Советот на ЕУ ги усогласува приоритетите во борбата против организираниот и сериозен криминал”, истакна министерот Спасовски за време на средбата.

Тој информираше дека паралелно се врши и изготвување на СОП (стандардна оперативна процедура) за размена на информации во реално време и Прирачник за обука за размена на информации во реално време поврзани со инциденти од мало и лесно оружје.

„Оваа соработка во континуитет се зацврстува и ги отсликува нашите напори во унапредување на меѓународната полициска соработка, како еден од приоритетите за придонес кон безбедност и стабилност во нашиот регион, како и во земјите на Европската Унија, што понатаму се рефлектира и на глобално ниво” – потенцираше Спасовски.

Можете да прочитате

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните

Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди