Утрински Весник
Економија

Средба со Мисијата на ММФ: Мерките на Народната банка ги намалуваат инфлациските притисоци и имаат позитивно влијание врз девизните резерви, но ризиците сè уште постојат

Средба со Мисијата на ММФ: Мерките на Народната банка ги намалуваат инфлациските притисоци и имаат позитивно влијание врз девизните резерви, но ризиците сè уште постојат

„Досегашните одлуки на Народната банка за зголемување на основната каматна стапка, како и другите мерки за нормализација на монетарната политика придонесоа за намалување на инфлацијата, но и за стабилизирање на девизниот пазар и раст на девизните резерви. Сепак, ризиците сѐ уште постојат, поради што Народната банка треба и натаму да води претпазлива политика и да ги презема неопходните мерки.“ Ова беше нагласено на средбата меѓу гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, и досегашниот шеф на Мисијата, Жак Минијан, новата шефица на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, Анет Жаклин Кјобe, како и вицегувернерите на Народната банка.

dobivaj vesti na viber

Мерките на Народната банка, заедно со поволните движења на светските цени на примарните производи, придонесоа за постепено намалување на инфлацијата којашто во моментов изнесува 8,3%. Мерките придонесоа и за стабилизирање на евроизацијата, што заедно со поповолните остварувања во платниот биланс во првата половина на годината во однос проекциите доведе до повисок раст на девизните резерви од очекувањата. Подоброто остварување се должи на помалиот трговски дефицит и поповолните приватни трансфери. Така, и на крајот на август 2023 година, официјалните девизни резерви се на соодветното ниво и изнесуваат 3.934,2 милиона евра, делумно благодарение на интервенциите на откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. Претставниците на ММФ истакнаа дека мерките на Народната банка имаат позитивен придонес и за инфлацијата, и за девизните резерви, но со оглед на тоа дека сѐ уште има неизвесност и ризици, Народната банка ќе треба и натаму да води претпазлива политика и да ги презема неопходните мерки, се наведува во соопштението на НБ.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска му се заблагодари на шефот на Мисијата на ММФ, Жак Минијан, истакнувајќи дека досегашната плодна соработка вроди со многу значајни проекти и активности. Притоа, нагласи дека Народната банка и во иднина ќе работи со ист интензитет, применувајќи високи меѓународни стандарди.

Можете да прочитате

За една година трошоците за живот се зголемиле за 200 евра 

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана, а девизните резерви повисоки за 40%

Недела на циркуларна економија на Западен Балкан 2024