Утрински Весник
Македонија

Средба Сали – Берсе: Потврдена соработка меѓу земјава и СЕ во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права

20260508100436 big 730x400 13.webp.webp

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Северна Македонија и Советот на Европа во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права.

Министерот Сали го поздрави затворањето на пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во јануари 2026 година, оценувајќи го како значајно признание за демократскиот напредок на државата, реформите во владеењето на правото и посветеноста кон европските стандарди.


На средбата беше истакната важноста на експертската поддршка од Советот на Европа во процесот на европска интеграција, особено во рамките на Поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на правосудството, фундаменталните права, правдата, слободата и безбедноста.

Сали изрази благодарност за вклученоста на Советот на Европа во оценувањето на Акцискиот план за правата на лицата кои припаѓаат на заедниците, како и за усогласувањето со Патоказот за владеење на правото, кои претставуваат важен дел од отворачките репери за Кластерот „Темелни вредности“.

Во разговорите беше нагласена и важната улога на телата и механизмите на Советот на Европа, вклучително и Венецијанската комисија, ГРЕКО, MONEYVAL, CEPEJ и Комитетот за превенција од тортура (CPT), кои обезбедуваат поддршка во зајакнувањето на независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и заштитата на човековите права.

Министерот Сали потенцираше дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите и продолжување на процесот на европска интеграција, во тесна соработка со европските институции и меѓународните партнери.

Можете да прочитате

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје

Муцунски во работна посета на Даблин, Ирска

АХВ врати 23,6 тони пилешко месо произведено во јануари 2025 година