Утрински Весник
Македонија

Средба Николоски-Лосон: Велика Британија е долгогодишен партнер на Македонија

Ni.jpg

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон.

На средбата се разговараше за актуелните состојби меѓу двете земји, притоа акцент се стави на економската соработка и инвестициите, вклучувајќи ги и одностите на сојузништвото во НАТО алијансата.

Исто така на средбата министерот Николоски информираше и за капиталните проекти што се реализираат во инфраструктурата.

“Македонија и Велика Британија од секогаш негувале добри билатерални односи. Имајќи предвид дека Велика Британија е еден од поголемите инвеститори во Македонија, особено се значајни економските реалции. Го информирав Амбасадорот дека ни претстои силна инвестициска активност во делот на инфраструктурата, но разговаравме и за целокупните состојби во државата како и за соработката меѓу двете земји” истакна министерот Николоски.

Министерот изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Можете да прочитате

Перински: Нов чекор кон поефикасно лекување и посилна регионална соработка

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка

Сиљановска-Давкова на средба со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ