Утрински Весник
Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со делегација од Сенатот на Кралството Шпанија

Foto 1 2.jpeg

Шпанија е наш важен партнер во НАТО, ООН и ОБСЕ и принципиелен поддржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството Шпанија, во придружба на амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз.

Ја поздрави посетата, оценувајќи ја како пресвртница во шпанско-македонските односи преку обнова и интензивирање на меѓупарламентарната соработка.

Сиљановска-Давкова укажа на потребата од создавање на мешовита Група пријатели во шпанскиот Сенат и Конгрес.

Таа препознава недоволно искористен потенцијал за економска соработка којашто може да се регулира со билатерален договор.

Претседателката детално ги образложи државните ставови по однос на интегративниот процес во ЕУ, реафирмирајќи ја посветеноста на земјата на исполнувањето на Копенхагенските критериуми.

Претставниците на шпанскиот Сенат се заблагодарија за разговорот и изразија подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката, како и поддршка во евроинтеграцијата.

Можете да прочитате

Лидерство, пријателство, влијание. Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата

Денеска 25 април 2026 година се празнува Преподобен Василиј Исповедник