Утрински Весник
Македонија

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин

Foto 1.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин.

На средбата беа разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи, за перспективите за продлабочување на развојната соработка, како и за македонскиот евроинтегративен процес, напредокот во реформите и исполнување на копенхагенските критериуми.

Двете соговорнички ги поздравија традиционално добрите политички односи меѓу двете земји, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази интерес за јакнење на севкупните контакти и интензивирање, односно поактивен политички дијалог со Шведска на највисоко ниво. 

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираната и доследна поддршка од Шведска на македонските еврoинтеграции, како и за севкупната досегашна техничка помош на пристапниот процес во Европската Унија и изрази очекување за натамошна соработка во однос на македонските стратешки цели.

Во таа насока беше изразено задоволство од континуираната развојна соработка со Шведска со цел споделување на искуства и јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во полето на демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки по повод Националниот ден на Шведска и ја истакна својата подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во сите области во кои постојат потенцијали. 

Можете да прочитате

Петровска за „Независен“: СДСМ треба да се врати на идеолошките корени

Ципрас: Ако Заев не го променеше името ќе мораше да влезете под Република Македонија

(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско