Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со амбасадорката на Украина

Uk1.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир.

На средбата министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката за Украина која ќе продолжи и во иднина, додавајќи дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени за натамошна силна политичка и практична помош за Украина додека земјата продолжува да ја брани својата независност, како и територијалниот суверенитет.

Во рамки на средбата тој ја информираше амбасадорката Дир за Одлуката на македонската влада, за продолжување на привремената заштита за Украинците кои престојуваат на територијата на нашата држава.

Соговорниците разговараа и за други актуелни билатерални прашања и изразија уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание