Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја

1 5.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари протоколарна работна средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.

На средбата министерот Тошковски се заблагодари за поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја, посебно во сферата на образованието.

Министерот ги истакна моменталните предизвици со кои се справуваме посебно со големите пожари кои ја зафатија нашата држава и ги образложи плановите за реформи кои се планираат во системот за менаџирање на кризи. Во таа насока беше потенцирана заложбата за потпишување на Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи во областа на безбедноста со цел реализација на стратешките приоритети на Владата за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција.

Амбасадорот Казуја ја потенцираше поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја преку „Гранд помош на мали проекти за човекова безбедност” што јапонската држава ги обезбедува во разни области за унапредување на земјите во развој. Амбасадорот истакна дека Јапонија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во исполнување на критериумите и забрзување на евроинтеграциите и нашиот пат кон ЕУ.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата