Утрински Весник
Свет

Средба Макрон – Шолц утре во Париз

Средба Макрон – Шолц утре во Париз

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и членовите на раководството на двата парламента ќе се сретнат утре во Париз за да разговараат за економијата и енергијата, одбраната и европската политика, соопштија официјален Берлин и Париз.

dobivaj vesti na viber

Состанокот првично беше планиран за октомври, но ненадејно беше откажан, а Германија како причина ја наведе потребата од натамошна координација за клучните прашања.

Се очекува состанокот да започне утре наутро со церемонија на комеморација на Елисејскиот договор на Универзитетот во Сорбона, на која ќе говорат лидерите на двете земји.

Се очекува централна тема на средбата да биде војната во Украина, како и соработката во Европската унија и НАТО.

Што се однесува до економските прашања, се очекува централна точка на разговор да биде енергетската соработка. Двете земји планираат да разговараат за соработката во снабдувањето, транзицијата кон одржлива економија, како и жестоко оспоруваниот закон за намалување на инфлацијата во САД, кој ризикува да ја стави ЕУ во неповолна положба и да започне трговски конфликти.

Пред средбата во недела, Шолц и Макрон ја истакнаа својата волја за зајакнување на Европа во гостинска статија за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Во контекст на војната во Украина, двајцата ги наведоа клучните точки за суверена Европа каде луѓето можат да живеат во мир, просперитет и слобода.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена