Утрински Весник
Македонија

Средба Ахмети-Агелер: Го продолжуваме европскиот пат со целосна американска поддршка

Средба Ахмети-Агелер: Го продолжуваме европскиот пат со целосна американска поддршка
Ss2

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на која и посака успех во новата мисија.

dobivaj vesti na viber

Соработката меѓу двете земји, евроинтеграциите, уставните измени и реформите, политичката состојба во земјата и регионот, како и процесот на ветинг беа само неколку теми на кои разговараа Ахмети и Агелер.

300x250 (7)

Ахмети истакна дека враќањето на Агелер и нејзините познавања за земјата и околностите ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и уште поголемо зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Изрази благодарност за американската помош во процесот на реформите и евроинтеграциите.

Целосната интеграција на нашата земја и на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на регионот.

На средбата Ахмети и Агелер разговараа за потребата од усвојување на уставните измени како услов за продолжување на европскиот пат, поради што било оценето дека сите политички сили во државата треба да рефлектираат и да не ја држат во заложништво иднината на државата и нејзините граѓани.

Ахмети исто така го потенцираше процесот на ветинг како неопходен поради фактот што тој ќе биде најдобра форма за кредибилитетот на личностите во сите сфери, од политиката до обвинителството и судството, како форма на контрола пред тие да бидат избрани на одредени позиции.

Ахмети изрази благодарност за значителната улога на САД во земјата и регионот, како и дека тој и ДУИ се партнери и целосно достапни за прогресивната проевропска агенда, владеењето на правото, реформите и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

(Фото) Чудни предизборни кореографии, ЗНАМ и Максим ги развеаја вергините