Утрински Весник
Балкан

Србија: Непрофитните институции работеле со добивка 2,5 пати повисока за една година

Srbi A.webp.webp

Непрофитните институции во Србија – вклучително политички партии, здруженија, спортски федерации, донации, фондации, синдикати – ја завршија минатата година со профит од 3,36 милијарди динари – 2,5 пати повеќе отколку што „евидентираа“ во 2022 година се наведува во анализата на Агенцијата за економски регистри.

Најголем позитивен резултат оствариле здруженијата, во износ од 3,15 милијарди динари, што е за 43,1 отсто повеќе во однос на претходната година, а воедно се и најбројни (29.454) и вработиле најмногу работници (7. 796), пренесоа српските медиуми.

Како и претходната година, негативен резултат имало кај спортските здруженија, друштва и федерации, кои сочинуваат значителен сегмент од непрофитните институции – вкупно 13. 276, вработуваат 4.698 работници. Сепак, нивната загуба е значително намалена – за 90,7 отсто, а на крајот на годината изнесува 153 милиони динари. 

Можете да прочитате

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31

Почна одбројувањето за новата власт во Србија: 30 дена за Собрание, потоа 90 за влада