Утрински Весник
Балкан

Србија ќе добие нов нафтовод од Унгарија до Нови Сад

Zname na srbija.jpg

Транснафта а.д. Панчево објави тендер за изградба на нафтовод од границата со Унгарија до Нови Сад, објавија српските медиуми. Тендерот се однесува на градежни работи и стручен надзор за реализација на проектот. Во документацијата се наведува дека изградбата на главниот нафтовод меѓу Унгарија и Србија е од национален интерес, со цел да се обезбеди диверзификација на увозните правци и побезбедно снабдување на домашниот пазар.

Во моментов, единствениот правец за увоз на нафта во Србија е преку Хрватска и нафтоводот Јанаф. Новиот нафтовод ќе овозможи на Србија да увезува нафта од Унгарија, низ која поминува нафтоводот Дружба, кој снабдува голем дел од Европа со сурова нафта. Проектот е наменет за транспорт на нафта од типот REB („Russian Export Blend“).

Можете да прочитате

Македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Грција поттикнува лов на опасна риба, риболовците ќе добиваат по 5,33 евра за килограм

Дете од Унгарија падна од видиковец на замокот Блед