Утрински Весник
Спорт

Србија ја збриша Канада, ќе се бори за светската титула

Србија ја збриша Канада, ќе се бори за светската титула

Кошаркарската репрезентација на Србија избори пласман во финалето на Светското првенство во Манила. Србија во првото полуфинале на Мундобаскетот ја победи Канада со 95:86 (23:15, 29:24, 23:24, 20:23).

dobivaj vesti na viber

Српските репрезентативци и понудија на публиката уште едно блескаво шоу на тимска кошарка и заслужено го совладаа канадскиот тим составен од бројни НБА ѕвезди. Секој српски играч даде значаен придонес во победата. Предводник во блескавиот триумф беше Богдан Богдановиќ.

Канада беше конкурентна само во првата половина од првиот период. Од тој момент започна налетот на Србија, со серија 11:0 се одлепија на 21:13. Во продолжение на мечот Канада во ниту еден момент не се приближи на помалку од пет поени разлика.

Богдан Богдановиќ ја предводеше Србија со 23 поени, Никола Милутинов и Огњен Добриќ постигнаа по 16 поени, Милутинов имаше и 10 скока. Двоцифрени кај Србија беа и Марко Гудуриќ со 12 и Алекса Аврамовиќ со 10 поени.

Канада ја предводеше Ар-Џеј Берет со 23 поени, Брукс постигна 16, а најдобриот играч на Канада мечот го заврши со за него скромни 15 поени.

Србија во финалето ќе игра против САД или Германија.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност