Утрински Весник
Спорт

Споменик на Меси пред „Камп Ноу“

20251114084829 big 730x400 86.webp.webp

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави синоќа дека клубот планира да постави статуа на Лионел Меси пред реновираниот стадион „Камп Ноу“ за да му оддаде почит на својот најдобар стрелец на сите времиња.

Триесетиосумгодишниот Меси, кој настапува за Интер Мајами, претходно оваа недела го посети стадионот на Барселона за прв пат по неговото заминување во 2021 година, а по тој повод испрати порака на социјалните мрежи дека се надева оти еден ден ќе се врати и тоа не само да се збогува како играч.


„Меси секогаш ќе биде поврзан со Барселона и знае дека вратата е отворена за него. Имаме целосна почит кон него и тој заслужува најголема почит. Тој треба да има своја статуа пред „Камп Ноу“, како Јохан Кројф и Ласло Кубала. Станува збор за икона и фудбалер кој остави свој белег на секој од нас. Разговаравме за тоа и неговото семејство мора да се согласи, и знам дека сите навивачи на Барса би го сакале тоа“, рече Лапорта.

Меси пристигна во Барселона како 13-годишно момче и помина 21 година во клубот. Аргентинецот со каталонскиот клуб освои десет шпански титули и четири во Лигата на шампиони, постигнувајќи 672 голови во 778 настапи.

Култниот стадион „Камп Ноу“ во Барселона е во реновирање речиси две и пол години.

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен