Утрински Весник
Магазин

Спејси во Италија доби награда за животно дело

Спејси во Италија доби награда за животно дело
300x250 (7)

Италијанскиот национален музеј за кинематографија со седиште во Торино му врачи награда за животно дело на американскиот актер Кевин Спејси, но се чини дека медиумите повеќе внимание обратија на неговиот говор на сцената отколку на признанието.

dobivaj vesti na viber

Актерот во својот говор им се заблагодари на членовите на филмскиот музеј за храброста да го поканат. Меѓутоа, зборовите кои ги одбра за да ја искажа својата благодарност се најдоа на насловните страници на американските и на некои европски таблоиди.

300x250 (7)

„Ви благодарам што имавте мадиња да ме поканите!“ рече тој.

Таблоидите го оценија неговото прифаќање на наградата како контроверзно и непристојно, додавајќи дека церемонијата во Торино се случува неколку месеци пред судењето за сексуален напад.

„Навистина сум благословен, благодарен и понизен. И моето срце е полно за Националниот филски музеј затоа што имаа мадиња да ме поканат вечерва“, рече тој од сцената.

Потоа му се заблагодари на својот менаџер Еван Ловенштајн за неговата лојалност. „Речиси е невозможно да ви кажам сè што тој направи за мене. Нивото на лидерство и мудрост што ги внесе во мојот живот. Тој не е како никој друг.“

Инаку, наградата за животно дело му беше доделена само неколку дена откако беше сослушан преку видео врска во судот во Лондон, каде што ги негираше обвиненијата за сексуален напад.

Спејси во ноември беше тужен за вкупно седум сексуални напади.

Обвиненијата вклучуваат непристоен напад, сексуален напад и поттикнување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност, сите за иста наводна жртва. Актерот се соочува со судење кое треба да започне во јуни.

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат