Спасувачите пронајдоа уште едно тело на исчезнат рудар кој настрада во јагленокопот во словенечкиот град Велење.
Продолжува потрагата по третиот рудар кој е заробен во јамата.
Во еден од тунелите на јагленокопот „Прелоге Премогвник“ вчера продре вода при што затрупа 14 рудари, од кои 11 успеале да излезат од рудникот.
Во јагленокопот навлегле од 500 до 700 кубни метри водена глина.
Спасувачите рачно ја отстрануваат глината за да стигнат до третиот рудар.
Поведена е истрага за несреќата, додека компанијата што управува со рудникот соопшти дека „и покрај сите сигурносни мерки, не може да се предвиди што може да се случи“.
Несреќите во рудникот за јаглен во Велење не се ретки. Последната голема несреќа при работа се случи во февруари минатата година, кога во пештерата дојде до зголемена концентрација на гас при што беа повредени четворица рудари. Во 2023 година тројца рудари беа повредени, а во 2022 година 14 лица беа полесно повредени при уривање на столб.