Утрински Весник
Спорт

Официјално: Покетино е новиот менаџер на Челзи

Официјално: Покетино е новиот менаџер на Челзи

Аргентинецот Маурисио Покетино (51) и официјално го презеде тимот на Челзи, објави во понеделникот лондонскиот клуб. Покетино потпиша двегодишен договор со Челзи кој ќе стапи на сила на 1 јули 2023 година.

dobivaj vesti na viber

На менаџерската функција, Покетино ќе го наследи Френк Лампард, кој во текот на сезоната како привремено решение го презеде тимот од Греам Потер. Претходно Потер, во септември минатата година го замени Томас Тухел.

Лампард, не успеа да го раздвижи тимот сезоната ја заврши на разочарувачката 12. позиција во Премиер лигата.

Покетино се враќа во добро позната средина, во Премиер лигата и во Лондон, иако во друг клуб. Аргентинецот го имаше најдолгото тренерско искуство во Тотенхем (2014-2019). Со Тотенхем не успеа да освои ниту еден трофеј, најголемиот успех му е пласман во финалето во Лигата на шампионите.

По заминувањето од Тотенхем, тој раководеше со Пари Сен Жермен една сезона (2021-2022).

Оттогаш беше без работа.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами