Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Водици е празник на длабоките вредности на христијанството – љубовта, милоста и прошката.

FB IMG

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи го честиташе големиот верски празник Водици

,,Почитувани граѓани од православна вероисповед,

Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам Богојавление – Водици, празникот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.

На овој ден кога водата станува симбол на чистота и обнова, нека се разлие благосостојба во секое семејство и дом и нека ни биде потсетник за обновување на нашата вера и духовно просветлување.

Водици е празник на длабоките вредности на христијанството – љубовта, милоста и прошката. Нека оваа светла порака биде водич во нашиот секојдневен живот, поттикнувајќи нè на дела на добрина и соживот.

Ви посакувам благословени Водици.

Бог се јави” се вели во честитката на Спасовски.

Можете да прочитате

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Пожар во стан во Скопје, еден пожарникар пренесен во блоница

МВР уапси 16 лица затоа што кај нив била најдена дрога