Утрински Весник
Македонија

Спасовски во „Топ Тема“ на Телма: Од моментот кога законските решенија стапија на сила, се започна со издавање на патни исправи со новото новото уставно име

Oliver spasovski 1 1 960x563 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за „Топ Тема“ на Телма, одговарајќи на прашањето зошто толку доцна се започна со издавање на лични документи со новото уставно име на државата, појасни дека до 5-ти јули 2021 година се издаваа документи со старото име бидејќи не можете да очекувате на 12 февруари 2019 година кога стапува спогодбата на сила и од 13 февруари некој да може да издаде нови документи со новото уставно име.

„Зошто е тоа така, поради тоа што прво треба да се изврши набавка на софтверско и хардверско решение кое што ќе ги вклопи новото уставно име и законот за јазиците. На основа на тоа да се изврши таа набавка, да се импелментира во системот за персонализација, да се набават новите обрасци, тие нови обрасци да пристигнат и на основа на тоа да се изменат законските решенија и од моментот кога тие законски решенија стапуваат на сила да се издаваат патни исправи со новото новото уставно име“, дециден беше Спасовски.

Можете да прочитате

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели

Алкохолна ноќ на патиштата: Удрил во канделабра, нападнал полиција, возел во спротивен правец

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари