Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Двете кривични пријави против мене се политички мотивирани

Oliver Spasovski 1 1 960x563 1.jpg

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не смета дека е лично одговорен за хаосот со издавањето на лични документи, пред се патните исправи.

„Сите аспекти на овозможување се овозможени во тој период. Целиот тој период, и Акциски планови и управувачки комитет кој што управувал со целиот процес, сето тоа, како што е предвидено со позитивните законски прописи, така е постапувано. Апсолутно не може никого вие сами да го натерате да ги извади документите во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година“, изјави Спасовски во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Апсолутно, не сакам да фрлам вина на граѓаните. Меѓутоа, секој граѓанин имал можност од 1 јули да започне со промената на личните документи. Сите оние кои поднесе барање за замена на документите, тоа треба да си го направат низ системот на министерството“, порача поранешниот министер за внатрешни работи.

Во врска со двете кривични пријави – една од ВМРО-ДПМНЕ, втората од партијата на неговиот поранешен сопартиец, Максим Димитриевски тој рече дека е тука да одговори на сите прашања кои што се поставуваат.

„Има две кривични пријави од партии кои беа поднесени вчера во јавното Обвинителство. Тие кривични пријави ги сметам како политички мотивирани. Не се засновани на правото, ниту говорат нешто во однос на правото. Има институции во државата, има постапки низ кои ќе се отвори целиот процес, ќе се прибават сите документи, сите докази и врз основа на тоа ќе се носат, веројатно, и одлуките“, изјави Спасовски.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница