Утрински Весник
Македонија

Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор?

Oliver spasovski sdsm 1.jpg

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница на која што на дневен ред беше Предлогот за избор на диектор на Регулаторната комисија за енергетика, посочи дека изборот за претседател на Регулаторна комисија за енергетика не смее да помине без ниту една дискусија и не треба апсолутно да не се потсети на тоа што беше претходно кажувано, заради тоа што ова е директна потврда на тоа што и како прави ВМРО-ДПМНЕ додека е опозиција, а како и на кој начин се однесува додека е власт. Спасовски укажа дека јасно е дека новиот директор е партиски член, но и потенцираше дека што се јавува како сопственик на хидроцентрали и енергетски компании, го отвора за независноста на Регулаторната комисија за енергетика.

Во продолжение е интегралното обраќање на Спасовски:


Се јавив за збор затоа што сметам дека не треба да помине изборот за претседател на Регулаторна комисија за енергетика без ниту една дискусија и не треба апсолутно да не се потсетиме на тоа што беше претходно кажувано, заради тоа што ова е директна потврда на тоа што и како прави ВМРО-ДПМНЕ додека е опозиција, а како и на кој начин се однесува додека е власт. И тоа апсолутно важи како една едно правило кое што најмногу се однесува за верските заедници, меѓутоа и за сите од ВМРО-ДПМНЕ, дека слушајте тоа што ви говорам, ама не гледајте тоа што правиме. 

Предлогот за избор на претседател на Регулаторната комисија за енергетика за поранешниот градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, јас нема да го напаѓам од аспект на тоа дека бил партиски член. Да, е партиски член и од тоа нема бегање никакво, дека е партиски член. Меѓутоа принципот кој што сакавте да го држите дека ќе ги промените работите во Македонија, дека ќе го смениме системот во Македонија од тоа што било претходно, апсолутно покажувате дека дополнително го менувате, меѓутоа на полошо. И верувајте полни ви беа устите на сите вас, на извршната власт, на ВМРО-ДПМНЕ, на ЗНАМ, на ВРЕДИ,  дека ги именуваме работите од самиот старт, посебно после случувањата во Кочани во кои што сите излеговте декларативно овде дека да, од денеска почнуваме да ги менуваме работите во системот, системот мора да биде целосно променет, на тоа не повикуваат сите граѓани. на тоа не обврзуваат жртвите коишто се и така натаму.

Што се случи во во суштина од тој момент до денеска сите законски решенија коишто се носат, сите кадровски решенија коишто се носат укажуваат на тоа дека не се менува системот на подобро или за сето она за кое што сте говореле претходно дека не е добро, дека е лошо, дека треба да се промени, дека има партизација, дека се ставаат луѓе несоодветни на одредени позиции, сето тоа го променивте и овозможивте практично преку промена на законите 90% од тие закони коишто сте ги донеле до сега. Погледнете ги, сте ги потпишале дел од тие, во тие законски решенија намалувате критериуми за избор на кандидати за директори или раководители на одредени позиции. Тоа едната работа. И втората работа таму каде што апсолутно сте биле против, сте укажувале на тоа дека не треба да има партизација, не треба да правиме вакви работи посебно во регулаторните тела, денеска ја имаме токму обратната ситуација во којашто вие истакнат партиски член го предлагате за претседател на регулаторната комисија. Уште полошо ,од тоа е заради тоа што кандидатот којшто го предложивте за претседател на регулаторна комисија има или имал како што и наведува самиот фирма „Алфа инженеринг” основана 2000 година година специјализирана за широк спектар на дејности, меѓутоа вклучување на изградба на мали хидроцентрали трапостаници далноводи прочистителни станици, фотоволтаици и станбена изградба. Тој е сопственик на три мали хидроцентрали, а неговата матична фирма остварува удел и во енергетската сфера преку компанијата „Екотера”, која поседува одобренија за изградба на вакви енергетски објекти. 

Понатаму, во фирмата „Хидронерџи Груп” којашто исто така се занимава со енергетика, каде што Ристов е еден од сосопствениците и „МХЦ Козја река” лоцирана во близина на Радовиш, проекти коишто се направени во околината на Радовиш. Единствено нешто што можам да го разберам како прифатлив критериум на ВМРО-ДПМНЕ е тоа да има хидроцентрали за да добие одредена позиција во рамките на партијата. 

И покрај падот којшто го прикажува во 2024 година на фирмата, дека има пад во приходите, сепак остварува добивка од околу 400.000 евра. И сега замислете ја продава фирмата, ја отуѓува на кого? На Ѕвезда Андонова, неговата сметководителка која што до тогаш му води сметководство, продолжува и понатаму. И тоа е рецепт познат којшто се прави во овој дел. И сега независниот претседател на регулаторната комисија ќе одлучува за регулирање на цената на електричната енергија за граѓаните низ призма како неговите фирми ќе остваруваат профит. Е тоа е позицијата која што практично ја нуди ВМРО-ДПМНЕ во овој. И ќе кажам само една работа.. Кога се вршеше избор на претседател на регулаторна комисија во претходниот мандат, се јавиле за збор повеќе колешки, пратеници, колеги кои што укажувале на пропусти во делот на кандидирањето и избор на тогашниот претседател на регулаторната комисија. На пример, колешката Силвана Ангелеска ќе рече – „јас ќе прочитам за јавноста само неколку извадоци од Законот за енергетика член 17 каде функцијата член на регулаторна комисија за енергетика се врши професионално, не е споива со вршење на друга функција итн и во последните 15 години пред именувањето да има најмалку 10 години работно искуство во енергетиката, односно во обезбедување на водните услуги, притоа да нема функции во политички партии иткантаму” – ова е цитат од стенограмот на колешката Силвана. И сега не знам дали тогаш сте во право кога ги кажувате овие критериуми. Очекувам дека денеска овде на мониторот ќе имаме црвено светло од колешката Силвана Ангелеска, заради тоа што ова е побрутално од тоа што вие го вие го кажувате претходно. И секако колешката Лидија Петковска којашто била исто така многу инвентивна, а во дискусијата па кажува дека “кога се подготвувала за дискусијата за парламентот за регулаторна комисија била во сериозна дилема за што е тука, дали за носење на законски решенија или за исполнување на а некакви желби од тептерот на СДСМ за вдомување на кадри коишто ќе бидат дел од енергетската компанија”. Е денеска колешке покрај тоа што ви е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот ви е сопственик и на хидроцентрали, на енергетски компании итн. Ако тогаш не било добро тоа што го наведувате како критериум, исто и вас ве очекувам денеска да гласате против ова решение. Ако не гласате против, тогаш ова што сте го зборувале можете да го фрлите и да кажете дека едно, збориме без став, без интегритет и без никаква почит кон граѓаните”.

Можете да прочитате

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Приведени две лица барани со потерници за издржување затворски казни

ИКС: Во пресрет на изборите е потребна мобилизација за справување со странско мешање