Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица барани со потерници за издржување затворски казни

Lisici 1.webp.webp

На 08.04.2026 година, полициски службеници од ОКР Кисела Вода, ОКР Ѓорче Петров и ОКР Центар – Бит Пазар при СВР Скопје, лишија од слобода две лица кои биле барани по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворски казни.

Лицето Н.Ј. (44) од Скопје било барано за издржување казна затвор во траење од три години и шест месеци за сторено кривично дело „обид за убиство“, казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, лицето е спроведено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.


Лицето Г.И. (62) од Скопје било барано за издржување казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „уништување на изборен материјал“, казниво по член 164 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

Ковачевски: 2.800 луѓе годишно умираат од загаден воздух – расте и бројот на заболени од канцер

Од вторник облачно со врнежи од дожд