Утрински Весник
Скопје

Меџити: Над 40 домаќинства добиваат приклучок на водоводната мрежа на улицата „Аврам Писевски“

Img 8654.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски” во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа.

Со оваа инвестиција се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона.


„Ја поврзуваме оваа зона со водоводната мрежа, носејќи конкретна промена за над 40 домаќинства. Ова е инвестиција што се чувствува во секој дом. По оваа фаза ќе следи целосно асфалтирање на улицата, со што ќе се создаде модерна инфраструктура и полесно движење за граѓаните”, изјави Меџити.

Овој проект се реализира во неколку фази, започнувајќи од основната инфраструктура и продолжувајќи со целосно уредување на улицата, со цел подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост