Утрински Весник
Македонија

Спасовски со честитка до САД за Денот на независноста

449781734 1023570179139921 6818195086328895294 N.jpg

Во свое и во име на пратеничката група на СДСМ упатувам искрени честитки по повод 4 Јули, Денот на независноста на нашите стратешки партнери и пријатели Соединетите Американски Држави, кои ја одбележуваат 248 годишнина од усвојувањето на Декларацијата за независност во 4 јули, 1776 година, пишува координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

„Американската демократија е инспирација за сите демократии во светот, а нашето силно транс-атлантско партнерство како сојузници во НАТО, најсилната воено-политчка алијанса во историјата на светската цивилизација. Благодарност за целата поддршка во развојот на нашата демократија, економија и подобрување на условите за живот во Македонија од независноста до денес. Заедно ги надминуваме сите предизвици, длабоко посветени и водени од истите вредности и идеали кои ги поставија основачите на САД. Честит 4 Јули, на сите граѓани на САД“ стои во честитката на Спасовски.

Можете да прочитате

Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

На Клиника за онкологија во Скопје ќе се работи во две смени

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за криумчарење на разна стока