Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Она што ВМРО-ДПМНЕ го критикуваа изминатиот период, сега го прават

Spasovskipechat.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието во интервју за Слободен Печат ги истакна ветувањата и најавите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и ги спореди со сегашната состојба.

„Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, сметајќи дека тоа е заради ефикасност. Имате барање дајте ни 61 пратеник, не сакаме да зависиме од албанските политички субјекти, сакаме да имаме македонско национално единство – со 58 ги имате истите работи – не е Талат Џафери, туку Африм Гаши претседател на Собрание, тоа што најмногу им сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и се случи 27 април на кој ќе не’ убиеа во Собрание. Имате ветување дека никако нема да соработуваме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ, ДУИ мора во опозиција, и еве го демантот на втора седница на Собрание, повторно договарање со ДУИ. Се’ она што критикуваа изминатиот период, сега го прават”, рече Спасовски.

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника

Сиљановска-Давкова – Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност