Утрински Весник
Економија

Зоран Ставрески нов гувернер на НБРМ?

Zoran Stavreski.jpg

Некогашниот висок функционер во владите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, Зоран Ставрески ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов гувернер на Народната Банка, пишуваат неколку медиуми повикувајќи се на извори од партијата.

Аргументите да се поддржи кумот на поранешниот премиер Никола Груевски биле работно искуство што го имал во Светска банка и раководењето со Министерството за финансии.

Ставрески на таа позиција би дошол како независен експерт, бидејќи не станува збор за член на ВМРО-ДПМНЕ, иако тој во последните години беше ангажиран во партијата и имаше координативна улога за работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДС да зборува за економија, a токму тие ја оставија државата со празна каса

Од вечерва поскапуваат бензинот и дизелот

СДСМ: Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки