Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Ќе има предвремени парламентарни избори, СДСМ мора да биде подготвен

Img 4885.jpeg

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека очекува во Македонија да има предвремени парламентарни избори и порача дека СДСМ мора сериозно да се подготви за секој можен изборен циклус.

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски рече дека уште претходно јавно укажувал дека земјата се движи кон предвремени избори.


„Факт е дека ќе има предвремени парламентарни избори. Тоа го најавував и претходно повеќепати“, изјави Спасовски.

Тој нагласи дека секоја политичка партија мора постојано да биде подготвена за избори, без разлика дали станува збор за редовни локални, претседателски или предвремени парламентарни избори.

„Партијата мора да биде подготвена секогаш за какви било избори што ќе ги имаме“, истакна тој.

Според Спасовски, СДСМ во периодот што следува мора уште поинтензивно да работи на организациско и програмско зајакнување, со цел да понуди сериозна политичка алтернатива на актуелната власт.

„Раководството на партијата треба да работи уште повеќе, и од организациски и од програмски аспект, за да може СДСМ да настапи како организирана структура која ќе биде алтернатива на актуелната власт“, порача Спасовски.

Тој оцени дека политичките околности во државата бараат максимална мобилизација на партиските структури и јасна визија за идниот политички настап.

Според него, само добро организирана и програмски подготвена опозиција може да понуди реален одговор на економските, политичките и институционалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Можете да прочитате

Спасовски со отворена самокритика: Големите очекувања од СДСМ донесоа големи разочарувања!

Спасовски: Владата вели сме трета економија во Европа, а граѓаните едвај крпат крај со крај

Системот не смее да се злоупотребува вели Спасовски за „Сејф сити“