Утрински Весник
Скопје

ЈСП со демант дека имало заглавени на скопската жичарница

Zicarnica Vodno.jpg

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје објави демант во врска со медиумски написи за наводен настан во кој биле
„спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичарата на Водно.

Според ЈСП не бил евидентиран таков настан, ниту настан од сличен карактер.

„Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда. Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста.

Ваквото пласирање на информации, без јасен контекст и без утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап. Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните“, стои во реакцијата на ЈСП.

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје