Утрински Весник
Македонија

Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители

Sovet Na Javni Obviniteli.webp.webp

Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.

Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.


Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.

По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.

Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители. За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда