Утрински Весник
Скопје

Советничката група на СДСМ во општина Ѓорче Петров поднесе предлог одлука за стопирање на издавање на одобренија за градба од ДУП СЗ16

D181d0b4d181d0bc D182d0bed0bbd0bad183 D0bed0b4 D0bbd0b0d0b3d0b8d182d0b5 D0bdd0b0 D0bcd0b8d186d0bad0bed181d0bad0b8 D0bdd0b5 D181d0b0 63cd8cce2d3bd.jpeg

Интегрален текст од изјава на Маја Стојковска, член на советничка група на СДСМ и коалицијата во Советот на Ѓорче Петров:

Усвоениот урбанистички план предвидува повеќе од 30 згради, дел од нив со висина и до 65 метри.

Web

Со овој ДУП ќе се изградат над 240 илјади метри квадратни во станбен простор или околу 4000 нови станови и ќе се доселат повеќе од 10 илјади нови жители во нашата општина.

Ова е повреда на правото на хумано живеење од причина што постојната инфраструктура не може да издржи ваков притисок и ваква бетонизација.

Дополнително, овој ДУП предвидува изградба на 2 нови објекти од хемиската индустрија, кои ќе продуцираат влезни и излезни субстанции ризични по здравјето на граѓаните на нашата општина.

Од таа причина, денес, ние, советниците од редовите на СДСМ, НСДП и Левица а согласно правото кое ни е овозможено со статутот на општина Ѓорче Петров и член 63 од законот за локална самоуправа поднесовме барање до претседателот на советот на општина ЃП за свикување на трета вонредна седница со една и единствена точка на дневен ред а тоа е Донесување на предлог одлука за суспендирање на делови од ДУПОТ СЗ 16 донесен на втора вонредна седница спротивно на сите законски прописи од страна на Советниците на ДПМНЕ.

Со предлогот за суспендирање на делови од спорниот ДУП предлагаме да се спречи бетонизацијата на Ѓорче Петров, т.е да се стави суспензија-стопирање на издавање на било какви одобренија за градби со класа на намена А2-станбени згради и Г2 лесна индустрија и Б2 големи трговски единици.

Со оваа одлука бараме примарно да се изведе изградбата на предвиденото училиште и градинка кои се повеќе од потребни во нашата општина.

Градоначалник, со овој предлог уште еднаш ПОТЕНЦИРАМЕ дека ние поддржуваме изградба на градинка и училиште, ама не поддржуваме БЕТОНИЗАЦИЈА на Ѓорче Петров ОД ВАКВИ РАЗМЕРИ.

Јавно ве повикуваме и вас и вашата советничка група од ДПМНЕ да ја поддржите оваа иницијатива и да покажете дека работите во интерес на сите наши граѓани.

Во спротивно, доколку не ја поддржите оваа иницијатива, ќе покажете дека работите за туѓи интереси или за интересите на урбаната мафија!

Престанете со личните интереси кои се на штета исклучиво на граѓаните!, се наведува во соопштението на Советничката група на СДСМ во Општина Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

Дел од општина Гази Баба утре без вода

Ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, по завршување на истрагата за пожарот

Автобусите денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред