Утрински Весник
Балкан

Состојбата во БиХ е катстрофална: Пронајдени се уште две тела, бројот на загинати расте

Unistena Kola.jpg

Бројот на загинати во подрачјето погодено од поплавите во Босна и Херцеговина се зголеми на 15.
Пребарувајќи ги терените на Коњиќ и Јабланица, спасувачите пронашле уште две безживотни тела, едното во Бутуровиќ Поље, другото во областа Доња Јабланица, соопшти владата.

Последните информации говореа дека бројот на жртви во оваа област е 13, но дека неколку лица се водат како исчезнати.

Вкупниот број на жртви во поплавите во Босна и Херцеговина се искачи на 18, бидејќи три лица беа пронајдени мртви во областа Фојница.

Можете да прочитате

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31

Почна одбројувањето за новата власт во Србија: 30 дена за Собрание, потоа 90 за влада

Масакр во западна Турција, непознато лице уби осум луѓе